Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на литургија во црквата „Свети Никола“ на островот Липно во Новгород, а во својата божиќна честитка до граѓаните, напиша дека Божиќ е празник кој ги насочува луѓето кон добри дела.
„Овој прекрасен празник го осветлува светот со светлината на добрината и љубовта, им дава на милиони луѓе надеж и радост, ги насочува кон трајните духовни вредности,“ наведе рускиот претседател во честитката.
Шефот на руската држава нагласи и дека Руската православна црква и другите христијански конфесии постојано обрнуваат внимание на прашањата на јакнењето на моралното здравје на општеството, на институцијата на семејството и на воспитувањето на младите поколенија, а исто така и искрено се грижат за одржувањето на меѓунационалниот и меѓурелигискиот дијалог.