Жената што загина во американскиот Конгрес била воена ветеранка

Од:

Жената која вчера почина откако беше застрелана при упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во американскиот Конгрес е Ешли Бебит, ветеранка на Американското воено воздухопловство од Сан Диего, јавуваат американските медиуми.

Таа учествувала на вчерашниот протест на кој приврзаниците на Трамп се обидоа да ги спречат претставниците во Конгресот да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден, а пред упадот во зградата, напишала „Ништо нема да не запре“ и „Невремето пристигна“. Бебит поминала 14 години во Военото воздухопловство, а била мажена.

„Целосно сум во шок. Никој од Вашингтон не му јавил на мојот син, дознавме преку телевизија,“ изјави Робин Бебит, мајката на сопругот на загинатата жена.

„Ништо нема да не запре… можат да се обидат, но невремето пристигна и се спушта на Вашингтон за помалку од 24 часа… темнината во светло,“ напишала Бебит на својот профил на Твитер дента пред трагичните настани.

Таа навела и список на работи што треба да се случат пред големиот протест во Вашингтон, кој вклучува оставка на потпретседателот Мајк Пенс, кој се појави на седницата за верификација на мандатот на Бајден, наспроти повиците на Трамп да ја бојкотира.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата