Во Сирија, загинаа 26 лица, од кои шест жени и осум деца, откако падна ракета во близина на градот Алепo.
Сиријската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон пренесе дека во недела на полноќ се убиени 26 лица, а по се изгледа дека се работи за проектил земја-земја, кој го погодил селото Кфар Хамра.
-Режимската сила настојува да го заземе селото, по што тргнаа и кон селата Нубл и Захра-соопшти опсерваторијата.
Елена Георгиевска