13 членки на ЕУ побараа ковид вакцините да се споделат со балканските земји

Од:

Европската унија треба да испрати вакцини за коронавирус на своите балкански соседи и да стори повеќе во борбата против вирусот во Украина, нагласија денеска министрите за надворешни работи на 13 земји-членки во заедничкото писмо до Европската комисија.

Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ нема да биде безбедна од Ковид-19 се додека државите до нејзините граници не се опорават од пандемијата.

„Ние силно ги поддржуваме напорите и иницијативите на земјите-членки и на Европската комисија за споделување на вакцините од договорите доделени со најблиските соседи на ЕУ – како што се земјите од Западен Балкан“, велат министрите во писмото.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис одделно рече дека „наша должност е да им помогнеме на партнерите на ЕУ на Исток, Западен Балкан и други региони“.

Земјите на ЕУ почнаа веќе почнаа со масовна кампања за вакцинирање против Ковид-19 на 27 декември.

ЕК соопшти дека го примила писмото и ќе им одговори на тие влади. Комисијата соопшти дека истражува начини да им се помогне на балканските земји и другите соседи, вклучувајќи ги Грузија и Украина.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид