Штрајк на српските просветни работници

Од:

Српскиот Сојуз на синдикатите на просветните работници за утре најави целодневе штрајк. Претседателот на Сојузот Драган Матијевиќ нагласи дека штрајкот не е за плати и пари, туку за работни места.

Според него, Министерството за образование, наука и технолошки развој се обидува да ги намали барањата на синдикатите, но главниот проблем е намалувањето на бројот на наставници за околу 600 лица.

– Ова е предупредувачки штрајк бидејќи во септември ќе биде доцна. Ако сега не се солидаризираме со колегите, утре ќе нема кој да се солидаризира со нас, нагласи Матијевиќ.

Сојузот бара да биде ограничен бројот на ученици во едно одделение до 25, да биде одложен системот за финансирање на бројот на ученици до 2020 година, како и да биде воведено задолжително средно образование.

– Според статистиката секоја година 7.000 ученици, што завршуваат основно образование, не се запишуваат во средно училиште. Доколку тоа биде задолжително, би значело дополнителни 200 одделенија и над 400 наставници повеќе, нагласи Матијевиќ.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје