Малку цимет во јогуртот и ќе го решите проблемот со непријатниот здив, црешите ги ублажуваат болките во мускулите, а здравјето го чуваат и јагодите, спанаќот и зобните снегулки.
Одредени намирници изобилуваат со витамини и минерали и нудат здравствени предности за цел организам.
Заштитете ја кожата со јагоди
Само една чаша јагоди го обезбедува телото со 13- отсто од препорачаната дневна количина витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген кој и дава цврстина на кожата.
Намалете ја болката во мускулите со цреши
Црешите содржат елагична киселина која делува противвоспалително и ги ублажува болките во мускулите.
Подбрете го видот со спанаќ
Спанаќот содржи бета-каротен. Бета каротенот, како што е познато е силен извор на витамин А.
Поттикнете ја циркулацијата со зобни снегулки
Зобта ја содржи аминокиселината аргинин, која ја поттикнува циркулацијата, па исто ќе делуваат и зобните снегулки како оброк. Подобра циркулација може да го намали нивото на холестерол и да влијае на посилно либидо.
Решете се од непријатниот здив со цимет
Овој зачин ги уништува бактериите кои се наоѓаат на јазикот и во усната шуплина.