Ленарчиќ: ЕУ испрати антиковид заштитна опрема во С. Македонија и Црна Гора

Од:

ЕУ испрати дополнителна заштитна медицинска опрема во Северна Македонија и Црна Гора, соопшти денеска еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ.

Опремата намената за земјава се состои од 107.000 маски ФФП2, 35.000 мантили и 140.000 заштитни комбинезони. Таа, како и 78.000 маски ФФП2 и 15.000 мантили за Црна Гора, се дел од заедничките медицински резерви на ЕУ.

– Испораката на медицинската опрема за Северна Македонија и Црна Гора уште еднаш го покажува значењето на медицинските резерви на ЕУ во борбата против коронавирусот. Очекуваме во 2021 година европските медицински рерзерви да растат, зајакнувајќи ги напорите на земјите во и надвор од ЕУ во борбата против пандемијата, изјави Ленарчиќ.

Според податоците на Европската комисија, од почетокот на пандемијата, од медицинските рерзви на ЕУ се дистирбуирани над еден милион заштитни маски ФФП2 и ФФП3 за Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија, како и за Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Заедничките резерви на мецинска опрема на ЕУ се распоредени во шест земји членки на Унијата – Германија, Грција, Данска, Романија, Унгарија и Шведска, со цел да се овозможи нивна побрза дистрибуција и поефикасен одговор на здравствените кризи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски