Откако Владата во Берлин беше критикувана поради недоволно снабдување со вакцини против Ковид-19, германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде работата, и му одзеде дел од овластувањата од министерот за здравство Јенс Шпан.
Германската Влада на утрешниот состанок, според извештаите на медиумите, ќе разгледа начини за решавање на проблемот со недостиг на вакцините, што произлегоа од процесот на набавка на ЕУ.
Формирана е работна група, составена од министерот Шпан, министерот за економија Питер Алтмаер, министерот за финансии Олаф Шолц и шефот на нејзиниот кабинет Хелге Браун.
Шпан ги отфрли критиките поврзани со набавката на вакцината.
– Фактот дека сега на почетокот имаме малку вакцини и дека мора да ги поставиме приоритетите при вакцинацијата, нема никаква врска со нарачаната количина, туку со фактот дека производствениот капацитет е ограничен на почетокот, наведе Шпан.