Хоспитализирани уште 29 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 370 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што информира Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија и на Институтиот за ТБЦ. Тројца болни се примени на Клиниката за дерматологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести четворица пациенти, а на ОРЛ 12 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

Вкупно 370 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски