ФОТО: Средба на Жерновски и Волерс

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во својот кабинет го прими и разговараше со амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

На оваа прва средба, по стапувањето на Жерновски на функцијата градоначалник на Центар, двајцата соговорници разговараа за неодамна одржаните локални избори, за состојбите во опозицијата и во тој контекст и за натамошните чекори.

На 80 минутната средба, двајцата соговорници разменија мислења и за прашањето на името и за Евро-атланските аспирации на Република Македонија.

Посочени се и задачите на кои Македонија мора посветено да работи за остварување на заедничката цел на сите, а тоа е полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Волерс уште еднаш ја потвдри подршката која САД и` ја даваат на Република Македонија.

На средбата Жерновски-Волерс се разговараше и за севкупната политичко-економска состојба во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила