Иран повторно почна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо, соопшти иранската Влада.
– Пред неколку минути почна процесот на збогатување на ураниум до 20 проценти во компексот Фордо, изјави портпаролот на иранската Влада.
Тоа е спротивно на Договорот постигнат во 2015 година од кој се повлекоа САД и Иран и најверојатно ќе наштети на плановите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден Вашингтон повторно да ги почитува преземените обврски од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.
На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо.