(ВИДЕО) Костадинов: Со „Акција 21“ европските стандарди ги носиме дома преку искористување на нови економски потенцијали

Од:

„Зад нас оставивме тешка година во којашто се соочивме со светска пандемија од коронавирусот и секојдневна борба против здравствените и економски последици кои ги предизвика.

Како држава навремено преземавме и се уште преземаме економски и здравствени мерки и затоа успешно се справивме со предизвиците.

Со 4 економски пакети вредни над 1.1 милијарда евра им помогнавме на граѓаните, на работниците, на македонските фирми, на нашето стопанството“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Преку вистински и навремени економски политики помогнавме над 400.000 граѓани, спасивме над 100.00 работни места.

Последниот податок од УЈП е охрабрувачки, во декември 2020 имало за 6% поголема наплата на ДДВ од декември 2019.

Ова покажува сериозно заживување на економијата, и тоа во време кога се случуваше вториот најголем пик од коронавирусот кој сега е веќе зад нас. Во 2021 година како држава влегуваме со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.

Престојниот процес на имунизација и конечна победа над вирусот, во земјава но и во светот се охрабрувачки процеси за нов економски напредок, за нови можности.

Со стратешката Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали.

Земјоделството има голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се отворат нови можности за инвестирање, за нови работи места, домашна продукција, извозот. Со ова се очекува прилив од 200-300 милиони евра.

Во кординација со ЕУ се разгледуваат можностите за одредени погодности за ставање во функција на парите во кеш коишто сега се надвор од системот.

Со соодветни законски измени за да се спречат било какви манипулации, ресурсите од овој т.н. „мртов капитал„ се ставаат во функција на развојот на државата.

2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали. Еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот.

Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.

Иполнувањето на „Акција 21“ е наш мотив да работиме, да продолжиме европските стандарди да ги спроведеме во секој сегмент од секојдневното живеење.

Економијата, подобриот животен стандард се во нашиот фокус и во оваа 2021 година“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“