Поранешниот претседател на Тајван, Чен Шуи-биан се обиде да се самоубие во затвор, каде отслужува 20-годишна затворска казна, но обезбедување интервенираше навреме и го спречи во тоа, соопшти Министерството за правда, јави ДПА.
Чен доцна синоќа го искористил пешкирот во бањата во неговата ќелија, за да се самоубие. Тоа го сторил во знак на протест против пресудата.
Чен Шуи-биан управуваше со земјата од 2000 до 2008 година. Тој беше уапсен во ноември 2008 година и е осуден за присвојување на државни средства, земање мито и перење пари преку сметки во швајцарски банки.