Казахстан ја укина смртната казна

Од:

Казахстан ја укина смртната казна, објавено е на сајтот на шефот на државата Касим Жомарт Токајев.

Во соопштението се наведува дека казахстанскиот претседател ја потпишал ратификацијата на Парламентот на Вториот факултативен протокол на Меѓународниот пакт за цивилни и политички права.

Како што се објаснува, станува збор за документ кој ги обврзува потписниците да ја укинат смртната казна.

Извршувањето смртна казна во Казахстан е прекинато во 2003 година, но судовите продолжија да ја изрекуваат најтешката пресуда во исклучителни околности, меѓу кои злосторства кои се сметаат за тероризам.

Еден од осудениците на смртна казна е и Руслан Кулекбајев, кој уби осум полицајци и двајца цивили во 2016 година во градот Алмати. Тој сега ќе служи доживотна казна затвор.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Лога: Уставот ја забранува смртната казна, а мислам и дека таа би била спас за овие монструми

Катерина Ѓуровски

„Смртна казна за убијците на Вања“ – на социјалните мрежи се шири петиција

Анита Петровска Рајковиќ

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Денеска во Флорида ќе биде погубен „Нинџа-убиецот“