Пет од 12-те пациенти кои во последниве 24 часа починале од компликации од Ковид-19 се од Скопје. Главниот град денеска има 22 новозаразени. Вкупната бројка на заразени во Скопје достигна 36173. Активни се 11 009 случаи.
Повеќе од половина од денешните 526 кои се регистрирани како оздравени се од Скопје. 295 жители на главниот град се водат како оздравени.
Меѓу починатите во последново деноноќие има двајца пациенти од Гостивар и по еден од Прилеп, Тетово, Кавадарци, Струмица и од Делчево.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.
Покрај Скопје висока бројка на активни случаи има и Тетово, 830. Следуваат Струмица со 597 активни случаи, па Гостивар-536, Битола-530, Прилеп-529, Кавардаци- 527, Куманово-509, Охрид-506 и Велес-474 активни случаи.