Џенифер Лопез настапи синоќа на Тајмс Сквер во Њујорк, во пресрет на 2021 година.
Латино дивата имаше фасцинантен костум, изведбата, како и обично, беше повеќе од моќна и со силни зборови им се обрати на сите што го гледаа преносот.
Нејзиниот вереник Алекс Родригез стоеше близу сцената, а очите му се насолзија во моментот кога на Џенифер и затрепери гласот.
– Успеавме! 2020 година заврши – возбудено рече Џенигер на почетокот.
– Годината ја започнав со најголемиот настап во мојот живот, кога јас и Шакира одржавме концерт во Суперболот. Илјадници луѓе беа таму. Сепак, вечерва работите се малку поинакви и тоа е во ред. Ако оваа година не научи нешто, тоа е да бидеме благодарни за сè што имаме и да го цениме секој момент. Изгубивме премногу. Премногу…, рече Џеј Ло со растреперен глас.
– Вечерва ќе продолжиме со живот и ќе продолжиме да сонуваме – рече таа.