Во Новата година со 19 379 активни случаи на Ковид-19, апел да се почитуваат мерките

Од:

Државава влезе во Новата година со 19 379 активни случаи со Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 536 од направени 1662 тестирања, 15 починати, 741 оздравен пациент.

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, заклучно со вчера, се лекуваат 871 пациент суспектен или позитивен на коронавирусот. Во ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети.

Ковид статистиката на ресорното Министерство покажува дека најмногу активни случаи има во Скопје 11.333, по што следат Тетово со 847, Струмица со 604, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово со по околу 500…додека Кратово е со најмалку активни случаи – 17.

Здравствените власти во пресрет на празниците апелираа на почитување на мерките и протоколите. Истакнуваат дека со вакцината која влева надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Иако епидемијата стивнува, истакнуваат дека нема простор за опуштање.

-Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата. Но, сé уште е рано да го спуштиме гардот. И натаму мораме да останеме претпазливи и да продолжиме да ги почитуваме мерките. Веројатно ќе помине уште некое време додека да им се вратиме на животите онакви какви што беа пред Ковид-19, порача вчера во новогодишно обраќање министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им се заблагодари на медицинските работници за ангажманот во борбата со Ковид-19 и повторно упати апел празниците да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките.

Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ во државава треба да пристигнат во февруари, откако завчера здравствените власти постигнаа директен договор со компанијата. Количината ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер, според најавите, ќе пристигнат во март и април.

Од Министерството за здравство информираа дека продолжуваат со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Во текот на месецов се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем треба да биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 83 329, на оздравени пациенти 61 447, а на починати 2 503.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски