Хрватското министерство за внатрешни работи објави видео од Петриња и околината, областа која беше најсилно погодена од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер. Во земјотресот има седум жртви и многу повредени.
Video: 29. 12. 2020 – #potres snage 6.2 prema Richteru s epicentrom 5 km jugozapadno od Petrinje pogodio je Hrvatsku. Donosimo snimku #Petrinja iz zraka toga dana. #CroatiaEarthquake pic.twitter.com/NoIdVnJvjl
— MUP-RH (@mup_rh) December 31, 2020
Проценки на штетите допрва ќе бидат направени. Денеска почна уривањето на оштетените објекти. Околу 50 згради мора да бидат урнати бидејќи се опасни за жителите.
По силниот земјотрес во Хрватска, следуваа уште многу потреси, од кои најсилен беше земјотресот од 3,7 степени по Рихтер регистриран вчера во 4 часот и 43 минути со епицентар кај Петриња.