Жителите на Петриња спијат на отворено и во автомобили, помош доаѓа од целиот регион

Од:

Жителите на Петриња и околината местата најтешко погодени од силниот земјтрес во вторникот веќе втора ноќ спијат на отворено и во автомобилеите. Тие ги очекуваат мобилните домови кои треба привремно да им бидат замена за куќите што ги загубија.

Првите 20 мобилни куќи наменети за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина, претежно од Истра, пристигнаа утрово во Глина, донирани од неколку домашни хотели и други компании, а во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни домови за повеќе од 500 луѓе.

– Испорачаните подвижни домови ќе бидат подготвени за вселување денеска, а првите ќе бидат поставени во Ново Село, рече министерката за туризам и спорт, Николина Брњац, која го посети селото заедно со вицепремиерот и министер за хрватски бранители Том Медвед.

Жупанот на Сисачко – мославичката жупанија, Иван Жиниќ рече дека денеска ќе се реши прашањето за распределба на финансиските средства, односно повеќе од 13,17 милиони евра што жупанијата ги добила од Владата, за што веќе се договориле со министрите за финансии и државен имот.

Вицепремиерот Медвед потсети дека за 24 часа по разорниот земјотрес, Владата обезбеди повеќе од 15,81 милиони евра за погодените области, од кои над 13,17 милиони евра за округот Сисак-Мославина.

Помош за населените места во централна Хрватска пристигнува и од земјите од регионот. Од Австрија веќе се пристигнати мобилните домови, слета авионот со помош од неколку тони од Грција. Словенија реагираше веќе вчера со помош. Државниот врв на Хрватска вети дека Петриња ќе биде обновено, а се очекува и помош преку механизмите на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ