Русија издвои милијарда евра за планираната масовна вакцинација

Од:

Вакцинацијата против Ковид-19 во Русија ќе ја чини државата околу една милијарда евра, соопшти руското Министерство за финансии.

– Во следните 12 месеци ќе се соочиме со нови трошоци кои не се предвидени во буџетот, посебно со вакцинацијата на населението. Ресурсите за тоа се огромни, а трошоците би можеле да изнесуваат околу една милијарда евра. Се зависи како ќе се движи вакцинирањето и колку луѓе ќе бидат заинтересирани за имунизација. Се ќе биде бесплатно и на сметка на државата, изјави денеска министерот за финансии Антон Силуанов.

До крајот на годинава, на приоритетните групи граѓани ќе им бидат достани повеќе од еден милион дози од домашната вакцина „Спутник V“. Претседателот Владимир Путин претходно наложи да се организира масовно вакцинирање против Ковид-19 во целата земја, кое ќе започне во јануари.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он