Во текот на вчерашниот ден на територијата на Општина Центар изречени се вкупно 106 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
МВР денеска соопшти дека од нив седум се за нерегистрирани возила, пет за возење без возачка дозвола, пет за минување на црвено светло, 13 санкции за користење
на мобилен телефон, а две за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.