Хрватската радио станица „Радио Бановина“ вечерва објави видео – снимка од моментот на најсилниот земјотрес во Петриња. Новинарските екипи во моментот на земјотресот снимаат изјава од градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, кој зборува за штетите од вчерашните земјотреси кога земјата почнува да се тресе од најсилниот земјотрес.
Се поткреваат и луѓето и објектите. Новинарите, снимателите и градоначалникот едвај се додржуваат на нозе, а зад нив се креваат облаци прав од уривања на згради. Се слушаат извици на паника. Машки глас повикува „мир, мир“, а во паника неколкумина поворувааат дека ова бил најсилниот удар.
Радио – станицата ја објави снимката со објаснување „нашиот колега го сними моментот на ужасот во Петриња“.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) вечррва соопшти дека во Хрватска се почувствувале 20 земјотреси во последните 37 часа. Треба да се нагласи дека станува збор за земјотреси што се почувствуваа бидејќи, всушност, имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но сите не беа почувствувани.
Хрватска беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Досега се загинати 7 луѓе, а десетици се повредени. Во Сисак, Петриња и во голем број околни места беше предизвикана огромна штета.
Сеизмологот Сњежан Преволник денес изјави дека не поминуваат неколку секунди без земјотрес.
„Претстои период на исклучително активна сеизмичка активност, која, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.
Вечерва, во 18.29 часот, во централниот дел на Хрватска, е почувствуван нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 18 километри западно од Сисак и 42 километра југоисточно од Загреб, пренесува ЕМСЦ. Се почувствувал и во Сисак, Загреб, Петриња, Мала Горица…
Околу 18.58 часот на истиот простор бил почувствуван уште еден умерено силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Тоа беше 20-тиот земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 37 часа, објави ЕМСЦ.