(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира и пописот, тоа нема да го дозволиме

Од:

„Попис на населението ќе има идната година во април, бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата.

Во 2021 година следува успешна статистичка операција спроведена според најдобрите стандарди на ЕУ.

Пописот, како статистичка операција, според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика“, рече Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

„Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање.

Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.

Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари.

Неконструктивна опозиција, без компас, сега се противат на попис. Се противат на онлајн работа на Собранието, блокираат работа на законодавен дом кога на граѓаните им требаат институции за борба со пандемијата и заздравување на економијата.

Немаат ниту една идеја од помош, само блокади, блокади, блокади. Ништо друго од деструктивната ВРМО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Затоа им се рејтинзите такви никакви. Затоа губат 6 пати на избори. Народот гледа и ги казнува а тие никако да ја научат лекцијата.

Попис е неопходен за развој на нашата татковина, која единтвена во регионот нема организирано попис 18 години.

Апелирам до пратениците да се водат од одговорноста пред граѓаните и државата и да се усвои предлог Законот за попис.

Не дозволиво е оваа битна операција да се политизира ниту да се одложува.

Попис ќе има. Ние ќе продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани, а тие нека останат сами, блокирани, изолирани“, изјави Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски