Во Скопје 119 санкционирани возачи

Од:

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки.

МВР соопшти дека шест од вкупниот број се изречени за возење без возачка дозвола, четири за некористење на сигурносен појас, пет за технички неисправни и
нерегистрирани возила, шест други за користење на мобилен телефон и три санкции за минување на црвено светло.

– Изречени се 59 мерки за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози