СДСМ: Во 2021 година продолжуваме со реализација на клучни капитални инвестиции за развој на целата држава

Од:

„Во изминатите три години СДСМ покажа како се гради по план. Инвестициите во развој и унапредување на инфраструктурата се еден од десетте приоритети во стратешката рамка „Акција 21″ чијашто реализација значи Европа дома.

Во Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски, кој е развоен, огромен дел од проектираните средства или 83 проценти се наменети за капитални проекти.

Буџетот ќе обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура, истовремено и за изградба на социјални станови“, велат СДСМ.

„Клучен капитален проект е изградба на железницата на Коридор 8, пругата кон Бугарија во втората и третата фаза во вредност од 600 милиони евра.

Само во северо-источниот и источниот регион владата предводена од СДСМ, реализираше инвестиции од над 80 милиони евра.

Обезбедени се 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, а за следната годин 615 милиони денари се обезбедени за изградба и санација на локални улици и патишта во општините.

Со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини.

Навремената реализација на капиталните проекти за владата предводена од СДСМ ќе биде врвен приоритет, за што, ќе се формира меѓуресорско тело, под координација на министерот за финансии, за надгледување на процесите.

Преку одговорен, отворен и инклузивен пристап продолжува реализацијата на важни проекти за развој на секој дел од државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он