Маричиќ: Конечно имаме квалитетна рамка за професионално филтрирање на правосудството

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот, преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.

-По цела една година се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверка на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите, изјави Маричиќ.

На седницата, како што информираат од Министерството за правда, бил разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство.

-Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на обвинителството, изјави Маричиќ.

Посочи дека во текот на јануари 2021 година останува да биде донесена методологијата за сложеност на предметите, со што ќе се комплетира сликата за проверка на работата на судовите во државата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Смената на државниот обвинител е упад и не е никаква реформа на правосудниот систем, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

Ахмети: За да има владеење на правото и граѓаните да имаат доверба во институциите неопходно е да имаме ветинг

ДУИ бара да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години

Горан Наумовски

Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра