Во Италија од денеска почнува масовно вакцинирање против Ковид-19.
Според соопштението на Министерството за здравство, неделно во Италија ќе бидат поделени околу половина милион дози вакцини, а до март следната година, како што потврди министерот Роберт Сперанзе, ќе бидат вакцинирани 13 од вкупно 60 милиони Италијанци.
Италијанското Министерство за здравство најави дека прво ќе се вакцинираат оние кои се најзагрозени, односно штитениците на домовите за стари и изнемоштени лица, здравствените работници, припадниците на војската и полицијата.
Вакцинацијата е доброволна и бесплатна.