Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани петмина болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на
Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 18 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 135 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 47 пациенти.