Папата Франциск денеска ја одбележа претстојната 2021 година како година посветена на семејството и повика да се обрне внимание на содржината на неговиот, според некои, контроверзен документ од 2016 година, што се однесува на семејниот живот.
Меѓу другото, документот им ја отвори вратата на разведени двојки, но и на оние кои се венчале само пред матичар, да се причестат, што предизвика критики кај некои верници, а поконзервативните членови на Римокатоличката црква тврдат дека овој документ е ерес.
Папата рече дека манифестацијата со која ќе почне годината на семејството ќе се одржи на 19 март, на петгодишнината од неговиот документ „Радост на љубовта“.
Папата им се обрати на верниците од катедралата преку видеоврска, им даде пријателски совет на семејствата каде што се чести кавгите и ги потсети секогаш после расправија да кажат „прости ми, благодарам и извини“ и никогаш да не одат на спиење без помирување.
– Студената војна еден ден по кавга е опасна, заклучи папата.