Спасовски: Полицијата секојдневно е на терен и секој што ќе се дрзне да организира журка ќе добие кривична

Од:

Министерот Оливер Спасовски најави засилени контроли по викендиците, становите и апартманите и рече дека никој нема да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања. Тој повтори дека ваквите дејствија подлежат на кривична одговорност за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Имаме акционен план кој ќе го спроведеме во текот на празниците, за Нова година, за Божиќ секој ден ќе има контроли со цел растурање на забави како она што се случи онаа синоќа во Волково. Таков настан имавме и во Куманово растуривме семејна веселба, така и ќе продолжиме. Уште еднаш апелираме, да прославувае одговорно, да го сочуваме здравјето на граѓаните. Еве имаме тенденција на намалување на ширењето на вирусот, затоа да бидеме дома за празниците, да бидеме безбедни. Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи“, рече Спасовски.

Што се однесува до растурената журка во Волково, Спасовски рече дека има приведени лица кои биле дел од организацијата на настанот и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија