Бајден го повика Трамп да го потпише нацрт законот за помош на населението

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да ја одобри финансиската помош за Американците погодени од коронавирус кризата.

– Во спротивен случај, милиони луѓе им секнуваат исплатите за невработеност и може да останат бездомници за време на празникот, истакна Бајден.

Според Бајден, акциите на Трамп се „отфрлање на одговорноста“ и може да имаат трагични последици.

За околу десет милиони Американци ќе запрат исплатите за невработеност. За неколку денови истекува рокот за финансирање на сојузната влада, а тоа е закана за мошне важните услуги и исплати за плата на војниците. За помалку од една недела истекува мораториумот за иселување, со што милиони луѓе можат да бидат иселени од своите домови за време на празниците.

– Доцнењето значи дека многу малите бизниси нема да преживеат во оваа мрачна зима, затоа што се лишени од спасоносна помош, на Американците повторно ќе им доцнат паричните исплати кои тие ги заслужуваат што поскоро, за да се справат со економската катастрофа предизвикана од Ковид-19.

Бајден истакна дека овој нацрт закон е крајно значаен и мора да биде потпишан. Притоа, според него, тоа е само прв чекор во преземање комплекс мерки идната година за заживување на економијата и запирање на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД