Во ковид-центрите во болниците се лекуваат 631 пациент, има 300 слободни кревети

Од:

Министерството за здравство информира дека во земјава вкупно се хоспитализирани 1045 пациенти од Ковид-19 и има околу 300 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72 во ковид-центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла, се наведува во соопштението.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски