Најмалку осум луѓе од сириските сили за безбедност загинаа денеска во Дамаск откако бил извршен напад со автомобил бомба врз полициска станица.
Според сириска опозициска организација, во нападот извршен во реонот Џобар повредени се и неколку цивили.
Сирискиот центар за човекови права кој соопшти за нападот, има широка мрежа од медициснки и бунтовнички извори, наведуваат западни медиуми.