СДСМ избира нов лидер

Од:

705 делегати денеска ќе го изберат новиот лидер на партијата и членовите на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

На 14-тиот Конгрес делегатите ќе го разгледуваат и Извештајот за четиригодишниот мандат на актуелното раководство на СДСМ.

Ќе се даде отчет за изборните резултатите на предвремените парламентарни избори во 2011 и локалните избори 2013 година.

Конгресот започнува во 12 часот и ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“, а претходно ќе се состане Извршниот одбор, на кој се очекува ставот околу неприфаќање на кандидатура да го каже Бранко Црвенковски.

Во трка за нов лидер на СДСМ, остануваат потпретседателот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, потпретседателот Зоран Јовановски, и поранешниот разузнавач Кире Наумов.

Ден пред одржувањето на Конгресот координаторот на пратеничката група, Игор Ивановски се откажа од кандидатурата, поради, како што соопшти во писмената изјава „ниедна партиска функција не смее да биде поважна од единството на партијата”.

Се уште официјално не се соопштува што ќе се случи со тоа што сé уште актуелниот лидер на социјалдемократите Бранко Црвенковски има поддршка кај голем дел од општинските организации на СДСМ кои поднесоа петиција за негово повторно кандидирање на челната позиција поткрепена со 25.000 потписи.

Претставник на Иницијативниот одбор пред делегатите ќе ја претстави и образложи иницијативата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ