СДСМ: Преку „Акција 21“ се искористуваат сите економски потенцијали, посветени сме на развојна, стабилна и европска економија

Од:

„Како врвни приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“ со која Владата предводена од СДСМ се поставуваат заложбите за отворање можности за нови економски потенцијали.

СДСМ како одговорна партија, цврсто е поставена на европскиот пат, врамени во „Акција 21” , со што Европа ја носиме дома.

Во таа насока се постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите коишто граѓаните ги чуваат дома или на парите од заштеда или добивка“, велат СДСМ.

„Канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот. Покрај придонесот во лекувањето на одредени болести, оваа индустрија во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места и токму затоа и понатаму е потребна поддршка на компаниите кои влегуваат во овој бизнис, а според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.

Исто така, следува и приватизација на државното земјоделско земјиште, согласно строго утврдени критериуми. Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а се очекува прилив од 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании.

СДСМ е целосно посветена на овозможување на подобар живот на секој граѓанин, нови можности за развојна, силна и стабилна економија, грижа и просперитет во секоја сфера“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“