Поранешниот руски репрезентативец Широков казнет со општокорисна работа поради напад врз судија

Од:

Судот во Москва го казни денеска поранешниот капитен на руската фудбалска репрезентација Роман Широков со 100 часа општокорисна работа поради напад врз фудбалски судија.

Легендарниот руски фудбалер во август годинава физички го нападна судијата Никита Данченко на натпревар од хуманитарен карактер.

Широков, најпрво, нервозно реагираше за недосуден пенал, а откако Данченко му покажа црвен картон, го нападна со клоци и тупаници, нанесувајќи му телесни повреди.

Широков, кој најголем дел од кариерата мина во Зенит, а за руската репрезентација одигра 57 натпревари, јавно му се извини на судијата за инцидентот.

– Свесен сум дека недосуден пенал и исклучување не смеат да бидат повод да кренам рака, објави Широков на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони