„Тројца мускетари“ за лидер на СДСМ

Од:

Зоран Заев, Зоран Јовановски или Кире Наумов? Кој од овие тројца ќе седне во жешкото столче на Бихачка (по ново Павел Шатев)?

Од четворката, едниот се откажа и сега во битка остануваат „тројца мускетари“. Во стилот „Еден за сите, сите за еден, Игор Ивановски се откажа од трката за лидер.

„Од денеска со личен пример ќе покажам дека не треба да бидеш носител на раководна функција за целосно и без предрасуди да се вложиш за успехот на СДСМ. Мојата борба за социјалдемократските вредности и принципи ќе ја продолжам во својата Општинска организација и Парламентот“, рече Игор Ивановски.

Бранко Црвенковски нема да ја прифати кандидатурата за лидер на СДСМ. Ова им го соопштил лично на претставниците на Иницијативниот одбор кои досега собрале околу 25 илјада потписи од членовите за негово повторно кандидирање.

Кој има предност а кој е аутсајдер?

Одлуката е во рацете на 705 делегати. Кој и да е изборот ќе треба да ги засука ракавите и да почне со работа не од утре, туку од вчера. Ќе треба да ја разбуди партијата од зимскиот сон. Најголемата опозициска партија, бавејќи се со себе преспа многу настани.

СДСМ нема избор: мора да стави крај на елитизмот, на погрешните кадровски потези и да стане вистинска опозиција на власта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски