Собранието ќе ја продолжи расправата за законот за решавање на спорот на Владата со Макпетрол

Од:

Собранието на Република Северна Македонија по едночавна пауза поради корона протоколите ќе ја продолжи работата по 20.пленарна седница на која треба да се расправа за Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Во Собранието синоќа имаше дебата за овој предлог за чие носење се противи опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски од говорницата, а подоцна и на прес-конференција праша зошто на Владата и се брза да се донесе ова законско решение, кое според нив е штетно.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пак, денеска на прес-конференција обвини дека опозициската партија повторно ја блокира работата на Собранието и оти јавно се фали со тоа.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Пред паузата заврши распрвата по Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка, но гласање за овој закон немаше. Повторно, главно, за збор се вклучуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните