Премиерлигашот Манчестер сити обелодени попладнево четири позитивни случаи на коронавирус во своите редови, меѓу кои се двајца фудбалери.
-Манчестер сити може да потврди дека Габриел Жезус и Кајл Вокер, како и двајца други претставници на клубот, се позитивни на Ковид-19, објави премиерлигашот на својот официјален сајт.
-Сите четворица ќе останат во самоизолација, согласно протоколот за карантин на Премиерлигата и британската Влада, наведе клубот.
Жезус и Вокер ќе ги пропуштат премиерлигашките натпревари против Њукасл, Евертон и Челзи, како и полуфиналето против градскиот ривал Манчестер јунајтед во Карабао купот.