ФОТО: Демонстрантите се судрија со полицијата во Франкфурт

Од:

Германската полиција денеска употреби солзавец и палки за да ги растера околу 7.000 демонстранти кои втор ден протестираат во центарот на Франкфурт поради низата строги мерки за штедење кои се воведени во европските земји.

German police detain protester during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

Денешниот протест во финансиската престоплнина на Германија почна мирно, а судирот, во кој се повредени неколку демонстранти и полицајци, се случил откако неколку маскирани демонстранти почнале да фрлаат камења и димни бомби врз полицајците.

Protesters wave to German riot police during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

Демонстрантите во Франкфурт вчера, на првиот ден од протестот блокираа поединечни финансиски институции и спречија пристап до зградата на Европската централна банка и до седиштето на „Дојче банк“.

Protesters hold umbrellas with slogans written on it during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfur

Демонстрациите во Германија се поклопуваат со 15-годишнината од постоењето на Европската централна банка (ЕЦБ), а слични демонстрации за денеска се најавени во Шпанија и во Португалија.

Riot police stand guard in front of protesters during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

– Очигледно сакаме да кажеме дека политиката на ЕЦБ и на тројката не е решение, изјави Роланд Сис, портпарол на антикапиталистичкото движење „Блокјупај“ (Blockupy), кое ги организира демонстрациите во Германија.

Тројката меѓународни кредитори, Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и ЕЦБ им наметнаа строги услови на земјите, како што се Грција и Португалија во замена за пружање финансиска помош.

Riot police stand guard in front of protesters during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

Демонстрантите тврдат дека поради строгите мерки за штедење неправедно страдаат сиромашните, бидеји поединечни влади беа принудени да укинат работни места и да ги зголемат даноците.

Riot police stand guard in front of protesters during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

Во Лисабон демонстрантите одржаа протестен марш до претставништвото на ММФ, а се очекуваат протести уште во 17 португалски градови.

Protesters hold posters during an anti-capitalism "Blockupy" demonstration in Frankfurt

Во Мадрид е планиран протестен марш до Мадридската берза и Централната банка.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора