Пекарницата Фелбер е првата компанија во Австрија која воведе забрана за работа за работници кои немаат тест за коронавирусот.
Компанијата ја донесе одлуката врз основа на одлуката на австриската Влада дека само оние кои ќе бидат тестирани за време на масовно тестирање викендот пред 18 јануари, кога се очекува да се олесни „заклучувањето“, ќе можат да излезат од изолација, додека останатите ќе мора да останат дома уште една недела.
Од 26 декември, Австрија ќе го спроведе третото заклучување, кое ќе трае до 18 јануари, кога покрај продавниците за храна и аптеките кои не престануваат со работа, ќе можат да отворат и сите други продавници, но во нов, како и во рестораните, кои тогаш повторно ќе отворат, ќе можат да одат само оние кои биле тестирани.
По тој повод, синџирот пекарници Фелбер испрати писмо до своите вработени во кое се наведува дека тие мора да бидат тестирани до 18 јануари.
– До 18 јануари, на работа мора да донесете негативен тест за коронавирусот, не постар од една недела. Не можете да работите без негативен тест, се вели во пораката.
Ако некој од вработените одбие да биде тестиран, тогаш ќе мора да работат со маска FFP2 или да паузира.
Експертите за работно право посочуваат дека во екстремни случаи, компанијата може да одбие да исплати плата или дури и да го прекине работниот однос.