Боливија ќе се обиде на поинаков начин повторно да го активира својот туристички сектор, кој е лошо погоден од пандемијата на коронавирусот, давајќи им дополнителни денови одмор на вработените во јавниот сектор.
Повеќе од 500.000 луѓе работат во јавниот сектор во јужноамериканската земја, каде живеат 11 милиони жители.
Во зависност од годините работен стаж, јавните службеници ќе добијат дополнителен годишен одмор во траење меѓу две и четири недели.
Според оваа програма, која започна кон крајот на ноември, вработените во јавниот сектор ќе можат да го зголемат своето слободно време за 20-30 проценти, доколку заминат на одмор во некоја од домашните дестинации.
Некои проценки покажаа дека коронавирусот го чинел туристичкиот сектор на Боливија една милијарда долари.
– Очевидно треба да го активираме, но за тоа ни е потребна помош од државата и ова е начинот на кој почнуваме, изјави боливискиот министер за продуктивен развој, Нестор Хуанка.
Предвидената програма ќе трае до крајот на 2021 година.