Германската авиокомпанија Луфтханза испрати авион со 80 тони овошје и зеленчук во Велика Британија.
Товарниот авион Боинг 777 денеска треба да слета на аеродромот Донкастер Шефилд, централна Англија.
– Луфтханза карго разгледува уште колку товарни авиони би можела да испрати следните денови, соопшти германската авиокомпанија.
Овошјето и зеленчукот обично се транспортираат со камиони и преку патнички летови, но бидејќи е суспендирани копнениот и патничкиот авиосообраќај со Велика Британија поради новиот вид на Ковид-19, храната беше испратена со карго авион.
Трговските организации стравуваат дека по Божик би можело да има недостиг на храна во британските супермаркети. Околу 89 отсто од храната Велика Британија ја обезбедува од увоз од земјите-членки на Европска Унија.