Ивановски: Не треба да имаш раководна функција за целосно да се вложиш за успехот на СДСМ

Од:

Игор Ивановски нема да биде четвртиот кандидат за лидер на СДСМ. Денеска се откажа од кандидатурата.

„Тргнувајќи од моите принципи дека личните амбиции се додадена вредност само ако се темелат на искрени заложби за тимска и заедничка работа, загрижен за стравувањата на членството од нови поделби кои ќе го ослабат СДСМ, а водејќи се од своите чесни и искрени намери и чувствувајќи ја одговорноста за идните успеси на партијата, Ве известувам дека ја повлекувам кандидатурата за Претседател на СДСМ“, стои во писменото известување од Ивановски за повлекување на кандидатурата за претседател.

Ивановски во својот допис искажува надеж дека неговиот потег ќе придонесе „останатите кандидати целосно и конкретно да ја сфатат исклучителната важност на единството во партијата, како основен предуслов за стабилен и победнички СДСМ“.

„Од денеска со личен пример ќе покажам дека не треба да бидеш носител на раководна функција за целосно и без предрасуди да се вложиш за успехот на СДСМ. Мојата борба за социјалдемократските вредности и принципи ќе ја продолжам во својата Општинска организација и Парламентот“, вели Ивановски.

На делегатите им посакува успешен, мирен и продуктивен Конгрес и се надева дека СДСМ ќе биде успешна, единствена, обединета и победничка партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски