ВИДЕО: Покрај докторите и хронично болните, политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе ја добијат ковид-вакцината

Од:

Политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, за да дадат позитивен пример за граѓаните.

Владиниот портпарол Душко Арсовски вели дека шом биде достапна вакцината во Македонија, во првите месеци на 2021 година први ќе ја примат лекарите и медицинскиот персонал, хронично болните, вработените во градинките и повозрасните од 65 години.

Тој вели дека се уште не е познато колкав број на вакцини ќе добиеме од Бугарија, Грција и Полска.

Арсовски вели дека земјава не чека само на донациите, туку навреме биле направени сите потребни чекори за обезбедување на вакцините.

833 илјади вакцини кои се обезбедени преку Ковакс системот се очекуваат во првите месеци од 2021 година.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?