Полицијата го уапси градоначалникот во заминување на Рио де Жанеиро, Марсело Кривеља, по истрага за корупција во градската администрација. Кривела е сојузник на крајно десничарскиот бразилски претседател Жаир Болсонаро.
Апсењето беше извршено неколку дена пред да истече мандатот на Кривела. Пред само девет дена, Кривела загуби во вториот круг од кандидатот на левицата Едуардо Паеш, и деновиве требаше да го предаде мандатот.
Кривела е евангелски бискуп и поранешен сенатор, министер за риболов во владата на Дилма Русеф. Тој е внук на Едир Маседу, кој ја основа влијателната Црква на царството божјо.
Полицијата го уапси и бизнисменот Рафаел Алвеш, доверлив човек на Кривела, како и поранешниот полицаец и градски советник Фернандо Мораеш. Тие се под истрага за корупција.