Путин потпиша закон кој му дозволува доживотно да биде сенатор

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша Закон за измени во процедурата за формирање на Советот на Федерацијата, горниот дом на Парламентот, кој меѓу другото им дозволува на поранешните претседатели, ако сакаат, да бидат доживотни сенатори.

Според новиот Закон, поранешниот претседател се стекнува со статус на сенатор од моментот на поднесување на барањето до Советот на Федерацијата, за што има рок од три месеци од денот на престанокот на функцијата.

Законот, исто така, дозволува сегашниот претседател да назначува сенатори, од кои може да има најмногу 30, а само седум можат да имаат доживотно членство, додека останатите имаат мандат од шест години.

Законот може да важи само за државјани на Руската Федерација, над 30 години со „беспрекорна репутација“, кои трајно престојуваат во Русија, кои немаат странско државјанство или дозвола за престој или кој било друг документ со кој се потврдува нивното право на постојан престој во странска земја.

Лицата кои издржале тешки затворски казни или се обвинети за сериозни или умерени кривични дела нема да можат да ја извршуваат функцијата сенатор, како што е предвидено со овој закон, кој е објавен и веќе стапи на сила.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија