А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицијата заплени 23,5 килограми марихуана

by А1он01/06/2013 - 13:22129
Share0

Македонската полиција, во содејство со Царинската управа пресекоа меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана на релација Албанија до Македонија со крајна дестинација Хрватска. Притоа се аспленети околу 23,5 килограми висококвалитетна марихуана.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, синоќа во  21,50 часот во Скопје, а по претходно добиено сознание за можен транспорт на марихуана, од страна на полициски службеници и припадници на мобилната екипа при Царинската управа, сопрено е товарно моторно возило со хрватски регистарски ознаки управувано од лицето Џ.С. (59) хрватски државјанин, над кое е извршен претрес. При претресот на товарно возило во возачката кабина пронајдени се еден црн кофер во кој имало  седум пакувања со различна форма исполнети со непозната растителна материја, црвена патна торба во која имало три полиетиленски пакувања со различна форма исполнети со непозната растителна материја и еден темно син кофер во кој има две големи полиетиленски вреќи исполнети со непозната растителна материја.

Според документираните сознанија од истрагата во текот на мај годинава, лицето С.С. (48) од Тетово организирал купопродажба на наркотична дрога марихуана за непознато лице од Хрватска, при што од лицето К.И (37) од Дебар побарал да му набави 25 килограми од дрогата. Откако К.И ја набавил марихуаната заедно со лицето М.Р (31) од Дебар кој е вработен како полициски службеник во Дебар кај кого е пронајден еден пиштол марка “Застава“ со калибар 9 мм и една рамка со 8 куршуми кој го поседувал без одобрение, го изрвшиле транспортот на марихуаната од Дебар до Тетово, а потоа заедно со лицето С.С дрогата му ја предале на хрватскиот државјанин кој требало да ја транспортира до Хрватска и да ја предаде на непознато лице од Хрватска нарачател на марихуаната.

Пронајдената растителна материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР, при што е констатирано дека се работи за марихуана со висок квалитет во вкупна тежина од 23,580 килограми која на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 70.000 евра.

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против лицата К.И, С.С, Џ.С и М.Р поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Лицата заедно со кривичната пријава ќе бидат предаени на надлежен истражен судија.

Полицијата презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање  и на евентуално други инволвирани лица.

droga

Би можело да ве интересира

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он30/09/2025 - 21:4030/09/2025 - 21:28

Членови на „Балкански картел“ се уапсени во операцијата „Пајак“: Полицијата пронајде 4,5 тони кокаин

Горан Наумовски26/09/2025 - 21:05

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Предраг Петровиќ16/09/2025 - 13:30

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ16/09/2025 - 09:4516/09/2025 - 13:22

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:4015/09/2025 - 11:52

Шкотска е престолнина на смртта во Европа седма година по ред – синтетичките дроги уништуваат сè

А1он06/09/2025 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен