Борисов: Се надевам дека следната година ќе пронајдеме заедничко решение

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Борисов ова го кажа на седницата на бугарската Влада на која беше донесена одлука од секоја колична вакцини против Ковид – 19, која стигнува во таа држава, една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. На седницата на покана на Борисов и бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

-Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи. Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја поддржавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страну е да стигнеме дотаму, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната седница на бугарската Влада.

Борисов за оваа одлука информираше и на неговиот Фејсбук профил, каде напиша дека, Бугарија е подготвена за помогне со вакцини против Ковид-19, во регионот на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот