ВИДЕО: Деца и родители без маски се сликаат во скутот на Дедо Мраз и цртани ликови на плоштадот во Скопје

Од:

Ниту пандемијата од коронавирус не ги спречи маскотите со Дедо Мраз и цртаните ликови да постават штандови на плоштадот „Македонија“ во Скопје и да се сликаат со бебиња, деца, но и возрасни. Децата, без маски, едно по друго се менуваа во скутот на маскотите. Голем дел и од родителите беа без каква било заштита на лицата.

Родителите на моменти и чекаа ред за нивните деца да се фотографираат. На плоштадот помина и полициска патрола, но фотографирањето на децата и родителите без маски со маскотите не беше повод за контрола или казнување.

Освен бебиња и деца, со маскотите се фотографираа и тинејџери и возрасни. Сите во моментот на фотографирање ги вадеа маските од лицата, иако меѓу нив и маскотите немаше дистанца. По фотографирањето, заедно со фотографот ги гледаа и направените фотографии. Ниту во еден момент маскотите не ги дезинфицираа костимите што ги носеа, иако фотографираните беа без маски.

Од штандовите на плоштадот ечеше музика „Хо, хо, хо, јас сум Дедо Мраз“, за маскотите да привлечат што повеќе деца кои ќе се фотографираат со нив. Ограничувањето на гласноста на музиката на 55 децибели која ја донесе Владата не ги опфаќа нив и се однесува само на угостителските објекти. Тоа значи дека полицијата која патролираше нема основа за нивно казнување.

Во трката за повеќе муштерии, на плоштадот можеше да се чуе и: „Само овде е вистинскиот Дедо Мраз“, кажано на разглас. Вака, маскотите се бореа за повеќе заработка.

Од Министерството за внатрешни работи не одговорија дали е дозволено маскотите на плоштадот „Македонија“ да се фотографираат со деца без дистанца, седејќи им на нозе, но и дали имаат казнувано за вакво однесување.

Нема одговор ниту од Град Скопје за тоа зошто во време на пандемија од коронавирусот е дозволено да се постават вакви штандови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат